МАСНО, СЛАСНО, ДЕКАДЕНТНО И КОНТРОВЕРЗНО Фоа гра, јадење што го подели светот
Жал ми е за патките. Сакам foie gras. Со овие зборови големиот готвач Хозе Андрес го опишал својот однос кон јадењето кое денес предизвикува големи контроверзии. Меѓу оние кои го поддржаа производството на фоа-гра, освен Андрес, беа Ентони Бурден и Ален Дикас. На другиот крај од спектарот се готвачите како Волфганг Пак, кој во 2007 година беше еден од првите што ја отстрани паштетата од менито на сите негови ресторани.
Фоа гра, паштета од црн дроб, но оној вистинскиот, од товена гуска или патка, велат, е неодолив и контроверзен деликатес со долга и интересна историја.
Последната вечера пред потонувањето на „Титаник“ била особено добра, а готвачите покажале голема вештина такашто првокласниот фоа гра го маринирале во вино, го збогатиле со целер и тартуфи и потоа го запекле en croute, во крцкаво, румено тесто.
За преживеаните од Титаник, следната вечера се состоела од конзерви на бродот Карпатија, а фоа-гра, црниот дроб од специјално товени патки или гуски, доби уште една причина да остане, во имагинарниот Стар свет, во избраното друштво на симболи на бескомпромисен хедонизам кој, исто како и шампањот, врвниот коњак и кавијарот не можат да се заменат со евтини верзии.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.