МАСКИ НА АПАСИЕВ, ГРУЕВСКИ, КАТИЦА Андријана од Велес маскира и холивудски ѕвезди

Андријана почнала со зелена маска на Џим Кери во истоимениот филм, а сега буквално може да го изимитира кое било лице. Нејзините видеа се популарни на Инстаграм, а маските ги бараат по тетарите и карневалите. Филмската шминка и SFX шминката се сериозна професија во Холивуд, а младата велешaнка успеала од тоа да заработи и кај нас.

3,493

Кога би можеле да се нашминкате толку добро, речиси реално и да бидете некој македонски политичар на еден ден, дали би го направиле тоа? А холивудска ѕвезда? Во светот постојат талентирани луѓе кои ги изработуваат ваквите портрети, а Андријана Станковска од Велес не само што е популарна на Инстаграм, туку успеала да направи живеачка од маските кои се барани по домашните театри, но и од многу луѓе кога има карневал, маскенбал, или едноставно од оние кои бараат совет за да изгледаат поелегантно.

Филмската шминка е сериозна професија во Холивуд, а имињата како Viktor Makov, Galaxy effect, Maria Lisovayа се пример за една посебна и деликатна уметничка дисциплина. Таа за ПлусИнфо признава дека ѝ требале две години за да научи да ги прави своите лица, но сега тоа го постигнува за неколку часови, урива рекорди со гледаност на нејзините видеа, добива пофалби од странство и има свој познат онлајн-курс.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beautyanica (@beautyanica)

Твоите потрети се познати во целиот регион, ги бараат по домашните театри, а си живеела и во странство. И покрај тоа, во едно неодамнешно интервју, велиш дека не сакаш да си отидеш од Македонија. Кажи ни нешто за твојот животен пат?

Да, живеев во странство, поточно во Стокхолм, Шведска. Таму живеев и работев две години. После две години одлучив да се вратам бидејќи мене лично не ми се допаѓаше тој начин на живот. Знам дека тоа е сосема спротивно од поголемиот дел од луѓето, кои едвај чекаат да се преселат некаде настрана. Секој си има своја цел и замисла за тоа како сака да живее. Јас лично не сум тип што сака големи градови, метеж, сообраќај, два часа патување до работа и слично. Мене ако ме прашате и во Велес ми е премногу метеж. Јас и мојот сопруг сакаме да живееме настрана, во природа и за брзо се надевам ќе го оствариме тој сон. Освен големиот град и турканиците, најмногу ми пречеше тоа што сум далеку од фамилијата. Тоа беше и најголемата причина зошто се вратив. За мене е бесмислено да живееш сам настрана и да заработуваш голема плата по цена на тоа да си одделен од фамилијата, пријателите и, општо, луѓето кои ги сакаш.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beautyanica (@beautyanica)

За маската на Џим Кери во филмот „Mask“ ти требаа три години да го спремиш, но сега ги имитираш и најсложените ликови за помалку од три часа. Колку е макотрпна оваа работа? Што би им препорачала на младите кои имаат некој сон од областа на уметноста?

За „Mask“ ми требаше многу време да … и тоа време сега е сведено на минимум само заради тоа што имам направено милион грешки и неуспешни трансформации од кои научив многу и дојдов до решение. Или, мораш постојано и да грешиш и да пробуваш пак и пак и некој ден ќе успееш. Мислам дека тоа е клучен момент ако сакаш да успееш и да направиш нешто ново, креативно, свое дело. Упорност и креативност. Одлики без кои еден уметник не може да успее.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beautyanica (@beautyanica)

Македонија е веројатно сè уште затворена и мала земја за да се заработува од ова. Но, во светот и те како има концептуални уметници кои дебело го наплатуваат талентот и прават слични вакви работи. На кои личности од уметноста или модата, воопшто, им се угледуваш?

За модата искрено не сум заинтересирана воопшто. Во врска со уметници или шминкери, имам неколку што ми се омилени, во последно време ги следам т.н. шминкери на специјални ефекти (special effects makeup). Toa се оние што прават силиконски маски, рани, човечки органи и слично. Или филмска шминка поточно. Тоа ми е највисок степен на шминка, едноставно речено тоа се велемајстори. Има многу одлични шминкери како Виктор Маков, Galaxy effect, Марија Лисоваја итн.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beautyanica (@beautyanica)

Знаат ли жените во Македонија добро да се нашминкаат и облечат? А нашиве одважни политичари? Или можеби и кај нас, како и во светот, владее едно површно помодарство кое рециклира трендови од минатото?

Шминката во последниве десетина години е драстично подобрена кај младите. Тоа мислам дека се должи на достапноста на туторијали на интернет. Секоја девојка, ако сака, може да посвети време на учење со гледање на туторијали или да си земе курс и со малку труд ќе успее да се нашминка преубаво.

Имаш свој курс на Udemy.com, кој го користат многу луѓе, што значи дека веќе глобално имаш потврда за твојата уникатна вештина. Дали тоа значи дека, сепак, може солидно да се заработи преку онлајн приходи во Македонија?

Да имам курс на Udemy и сум многу задоволна како излезе. Прво, драго ми е што продуктивно го искористивме периодот на карантин и направивме курс што ќе се продава со децении. Курсот долго време беше трендинг или најпопуларен. Тоа за нас беше одличен успех. Кога станува збор за добри приходи, да секако. За мене лично е одлично. Освен курсот имам и работа во салон, така да за мои потреби заработувам сосема доволно.

Поврзани содржини