МАСК НЕ ГО КУПУВА ТВИТЕР? Сѐ помалку е веројатно

Условите на договорот велат дека Маск мора да плати 1 милијарда долари за да го раскине договорот, но правните експерти велат дека од Твитер би можела да се обидат да го принудат Маск да ја купи компанијата доколку неговата причина за отказ не се заснова на основната дејност на компанијата. Кога ја даде понудата во април, Маск самиот се откажа од правото да ги погледне одблизу финансиите на Твитер. Но, главниот проблем е што компанијата не му дава увид на милијардерот во тоа колкав процент од профилите на мрежата се спам, односно лажни профили.

526

Илон Маск се оддалечува од преземањето на Твитер, изјавија три лица запознаени со ова прашање за Вашингтон пост. Тимот на Маск заклучи дека бројките на Твитер за тоа колку спам профили навистина постојат не може да бидат проверени, пренесува Инвестор.

SEEbiz пренесува дека поради ова наводно престанале разговорите за финансирање на купопродажниот договор вреден 44 милијарди долари. Луѓето кои дале изјава за овие нешта тоа го направиле во тајност поради чувствителноста на целата ситуација.






Ако Маск се откаже, почнува битка

 Тимот на Маск се сомнева во веродостојноста на бројките кога се во прашање лажните профили на Твитер. После ова се очекува да бидат преземени подрастични мерки, посочува упатениот извор. Доколку Маск се откаже од претходно постигнатиот договор, тоа може да предизвика сериозна правна битка.

Милијарда долари ако сакаш да отстапиш

Условите на договорот велат дека Маск мора да плати 1 милијарда долари за да го раскине договорот, но правните експерти велат дека од Твитер би можела да се обидат да го принуди Маск да ја купи компанијата доколку неговата причина за отказ не се заснова на основната дејност на компанијата. Кога ја даде понудата во април, Маск самиот се откажа од правото да ги погледне одблизу финансиите на Твитер.

Портпаролот на компанијата Твитер, Трентон Кенеди, одби да го коментира развојот на настаните. Маск не одговори веднаш на барањето за коментар.

Ништо од враќањето на Трамп на Твитер

Маск го потресе светот на социјалните медиуми на почетокот на оваа година со неговата понуда да ја купи компанијата, тврдејќи дека ќе може да го развие Твитер и да го направи поотворен и, според него, политички неутрален.

Тој исто така рече дека на оваа социјална мрежа ќе го врати поранешниот претседател Доналд Трамп и изјави дека досегашната практика на Твитер е спротивна на слободата на говорот.

Ентузијазмот на Маск за договор е доведен во прашање барем од мај, кога тој рече дека договорот е „на чекање“ додека не се утврди дали помалку од 5 отсто од сметките на Твитер се ботови или спам.

Тој го обвини Твитер дека крие информации, додека компанијата рече дека постапила со добра волја и обезбедила сè што бара од него условите од договорот.

Поврзани содржини