МАСК МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП Симни ја капата и заплови кон залезот

Маск пред некој ден рече, јас никогаш не сум гласал за републиканец. Му викам дека не сум го знаел тоа. Тој ми вика дека гласал за мене. Тој е уште еден ср*ње уметник, но нема да го купи (Твитер), претходно рече Трамп на митинг.

1,510

„Не го мразам човекот, но време е Трамп да ја симне (црвената) капа и да заплови кон својот залез“.

Со овие зборови најбогатиот човек на светот, Илон Маск му одговори на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој го нарече Маск „ср*ње уметник“.






Пишувајќи на Твитер, Маск додаде:

„И партијата на Демократите, исто така, треба да го прекине нападот. Немојте да му направите на човекот единствениот начин да преживее да му биде да се врати на претседателската функција“.

Забелешките на Маск беа одговор на коментарите на Трамп на митингот во Енкориџ, Алјаска во саботата, каде што тој говореше за поддршка на кандидатката за Претставничкиот дом на САД Сара Пејлин и кандидатката за американскиот Сенат, Кели Тшибака, пишува Ројтерс.

Трамп на митингот рече дека Маск нема да го купи Твитер и дека извршниот директор на Тесла си направил хаос.

– Маск пред некој ден рече, јас никогаш не сум гласал за републиканец. Му викам дека не сум го знаел тоа. Тој ми вика дека гласал за мене. Тој е уште еден ср*ње уметник, но нема да го купи (Твитер) – рече Трамп.

Минатиот месец, Маск на Економскиот форум во Катар рече дека не одлучил кого ќе поддржи на следните претседателски избори во 2024 година, една недела откако на Твитер изјави дека се стреми кон поддршка на гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

Во понеделникот, Маск додаде дека ако ДеСантис се кандидирал против Бајден во 2024 година, „тогаш ДеСантис лесно ќе победи“ и дека „Трамп би имал 82 години на крајот на мандатот, што е премногу старо за да биде извршен директор на било што, а камоли на Соединетите Американски Држави“.

Поврзани содржини