МАСК ЛОБИРА ПРОТИВ РОБОТИТЕ-УБИЈЦИ Што работи институтот ФЛИ и зошто во него членуваат познатите милијардери?

Целото поле околу безбедноста на вештачката интелигенција е составено од толку многу „институти“ и компании во кои милијардерите пумпаат пари, вели Тимнит Гебру, истражувач на вештачка интелигенција, чиј отказ во Гугл предизвика бура во медиумите.

87

Лоби група поддржана од Илон Маск се бори да ги спречи роботите убијци да му стават крај на човештвото и бара буквално да се спроведе Законот за вештачка интелигенција кој веќе постои во Европската Унија, пишува Политико. Институтот за иднината на животот (ФЛИ) во текот на изминатата година доби на сила, а често ги критикува големите гиганти како Гугл и Мајкрософт. Но, со новите скандали на Илон Маск во Твитер лобистите како да го губат својот авторитет меѓу европратениците.

Има и еден друг проблем. Луѓето не се убедени дека овој институт ФЛИ, не е само една обична пумпа за пари во која богатите милијардери, инаку и самите технолошки оптимисти ја користат за ги оправдаат своите чекори во светот на вештачката интелигенција.






Европратениците за сега, не се стоотсто убедени дека ефективниот алтруизам(ЕА) кој го пропагира оваа инаку невладина организација ФЛИ е поважен од другите теми со кои Европа се соочува – насилство, војни, расизам, сексизам – теми каде во центарот први се луѓето. Не, тимот на ФЛИ како на прво место да ги става роботите и тоа што би можеле тие да направат во иднината, која засега не е толку блиску до нас.

– Целото поле околу безбедноста на вештачката интелигенција е составено од толку многу „институти“ и компании во кои милијардерите пумпаат пари. Но, нивниот концепт за безбедност на вештачката интелигенција нема никаква врска со моменталната штета кон маргинализираните групи. Тие сакаат да го преориентираат целиот разговор во спречување на некаква си апокалипса на вештачката интелигенција – изјави Тимнит Гебру, истражувач на вештачка интелигенција, чиј отказ во Гугл предизвика бура во медиумите.

– Тие се поддржани од милијардери, вклучувајќи го и Илон Маск – тоа веќе треба да ги направи луѓето сомнителни – додава истражувачот.

За што се залага ФЛИ? За алтруизам кој значи дека треба да се залагаме да ги минимизираме ризиците што можат да убијат многу луѓе. Тоа значи дека спречувањето на потенцијалниот пораст на вештачката интелигенција чии вредности се судираат со благосостојбата на човештвото треба да биде на врвот на листата на грижите на политичарите.

Контроверзната невладина ФИЛ е основана во 2014 година од академик Макс Тегмарк од МИТ и поддржана од технолошки великани, вклучувајќи ги Маск, Јаан Талин од Скајп како и крипто-вундеркиндот Виталик Бутерин, ФЛИ е непрофитна организација посветена на справување со „егзистенцијалните ризици“ – настани кои можат да го збришат или осудат човештвото.

Меѓу надворешните советници се вбројуваат и други жешки кадри како актерите Морган Фримен и Алан Алда и познатите научници Мартин (Лорд) Рис и Ник Бостром.

Поврзани содржини