МАСК ЈА ОТВОРИ ГИГА-ФАБРИКАТА ВО БЕРЛИН Ќе произведува повеќе коли од Фолксваген (ВИДЕО)

Со полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно, што е повеќе од 450.000 електрични возила кои лани ги продадал од германскиот ривал Фолксваген на светскиот пазар. Сепак, засега, Фолксваге сè уште го држи водството на европскиот пазар на електрични автомобили, со 25 отсто пазарен удел , за разлика од 13 отсто на „Тесла“.

1,509

Со осум месеци задоцнување поради лиценци и скандали со вода, екологија и сечење дрвjа, Илон Маск денеска ја отвори својата гигафабрика во Берлин со која планира да продава автомобили „Тесла“ во Европа. Фабриката од пет милијарди евра е најголемата инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја.






Со полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно, што е повеќе од 450.000 електрични возила кои лани ги продадал од германскиот ривал Фолксваген на светскиот пазар. Сепак, засега, Фолксваге сè уште го држи водството на европскиот пазар на електрични автомобили, со 25 отсто пазарен удел , за разлика од 13 отсто на „Тесла“.

„Тесла“ ќе ги испорача своите први 30 модели Y Performance од германско производство. Од компанијата велат дека автомобилите имаат досег од 514 километри и чинат 63.990 евра.

Зaсега се вработиле повеќе од 3.000 од очекуваните 12.000 работници. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „фабриката е знак за напредок и иднина на автомобилската индустрија“.

Но, зошто Маск ќе ја изгубеше лиценцата? Еколошките активисти поднесоа жалба до МИнистерството за животна поради загриженоста за користењето на водата во фабриката и исечените дрвја за нејзината изградба. Тие и денеска беа на протест на отворање на фабриката.

Сепак, Маск успеа.

„Благодарам Германија“, напиша тој на Твитер по тој повод.

Поврзани содржини