МАРАДОНА Е ПОГРЕБАН БЕЗ СРЦЕ, ПРИЧИНАТА Е БИЗАРНА Навивачи планирале да го „ограбат“ починатиот фудбалер
Како што изјавил Кастро во аргентинската телевизиска емисија „Ел тресе“, улстрас навивачите на Химнастија Ла Плата планирале да го украдат срцето на легендарниот аргентински фудбалер, па затоа била донесена одлука Марадона да биде погребан без срце.
За три дена ќе се одбележи годишнината од смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона, а и покрај тоа што фудбалерот одамна се одјави и замина во вечното почивалиште, сепак, неговото име постојано се спомнува во медиумите и се поврзува со разни скандали.
Таков скандал од огромни размери сега откри докторот Нелсон кастро, кој во својата книга „Здравјето на Диего: Вистинската приказна“ пишува дека фудбалерот бил погребан без своето срце.
Како што изјавил Кастро во аргентинската телевизиска емисија „Ел тресе“, улстрас навивачите на Химнастија Ла Плата планирале да го украдат срцето на легендарниот аргентински фудбалер, па затоа била донесена одлука Марадона да биде погребан без срце.
На прашањето на новинарката дали е вистина дека Марадона е погребан без срце, Кастро одговорил:
– Да, точно е. Се појавија информација дека група ултрас навивачи на Химнастија Ла Плата планира да го украде срцето, па беше одлучено да го погребаат без срце. Ова е само едната причина, а втората е за да се вршат тестови и испитувања и да се утврди причината смртта. Исто така, интересно е тоа што срцето на Диего Марадона беше тешко 500 грама, а вообичаено треба да тежи околу 300 грама – изјавил Кастро.