МАМО, ЈАС УМИРАМ, ЧАО! Почина момчето кое болеста го кутнала во количка, ама не му го уништила духот
Никола беше пресреќно момче кое нѐ научи што е љубов. Беше полн со живот иако ги движеше само трите прста на десната рака. Имаше мускулна дистрофија, ама живееше исполнет живот. Почина два месеци пред 25.роденден. Сега една светлина како да згасна и ние не знаеме како да продолжиме без него“, вели Оливера Кекев, мајка на момчето кое со својот дух ја инспирираше авторката Драгана Јовановиќ Чешљар да напише книга и да му ја посвети нему, на свемирскиот морнар Никола.
Во понеделник, на 30 мај, ќе се одржи промоција на книгата „Свемирскиот морнар Никола“ од Драгана Јовановиќ Чешљар. Деновиве, на местото каде што ќе се одржува настанот (Бифе Тафталиџе) се запознав со авторката и со родителите на Никола, главниот лик во оваа книга. За жал, младиот Никола не ја дочекал книгата. Починал само два месеци пред да наполни 25 години, па на денот на промоцијата ќе бидат точно 7 месеци од неговото, како што сакаат да кажат авторката и неговите родители, ослободување од товарот на неподвижното тело.
Никола боледувал од мускулна дистрофија. Веројатно, кога неговите родители Оливера и Крсте ќе ја прочитаат оваа реченица во која пишува дека „боледувал“, ќе мислат дека не сум употребила соодветен збор бидејќи, во оние 2 часа колку што седев со нив и со авторката, инаку, нивна блиска пријателка и сопруга на најдобриот пријател на Крсте, тие ми објаснија дека нивниот син не „боледувал“. Напротив, иако неподвижен и целосно зависен од нив, живеел исполнет и среќен живот, па дури и работел, работел нешто што многу го сака – се занимавал со дигитална фотографија. Никола Кекев бил студент на ФИНКИ и фриленс графички дизајнер кој на Инстаграм ги споделувал своите илустрации преку уметничкото име „_nikkiarts“.
Ако ја отворите оваа страница ќе видите огромен број фотографии што ги сработил Никола, а во социјалните групи во кои членувал неговото име веќе било препознатливо за останатите, па успеал неколку и да продаде, на што бил особено горд и парите веднаш ги префрлил на сметката на неговиот татко.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.