МАМА ВЕЛИ ДА, А ТАТО – НЕ! Неусогласени начини на воспитување помеѓу родителите

Да се усогласат целосно родителските ставови е тешко, затоа што родителите растеле на различен начин и ги формирале своите ставови под различни надворешни влијанија, но ако се потрудат можат да ги усогласат целосно или барем делумно

255

Живееме во многу динамично време во кое родителството е отежнато и честопати води до согорување на персоналниот систем на родителот, но не е важно дали родителот секогаш „точно“ и „совршено“ ќе постапува кон своето дете, напротив водичот во родителството е секогаш да извлечеме смисла од нашите постапки бидејќи секој може да биде добар родител и го заслужува тоа.

Во родителството постојат пет златни правила од кои зависи колку и на каков начин детето ќе го постигне својот личен интегритет и ќе израсне во самостојна и целосна личност. Во тој контекст зборувам за воспоставување рамнотежа во:






Усогласување на воспитните механизми и компатибилност во родителските стилови меѓу родителите;

Што и колку бараме од своето дете и колку тоа соодветствува и одговара со неговите развојни постигнувања;

Колку го пофалуваме и наградуваме посакуваното однесување, неговите особини и размислувања;

Колку често го критикуваме, односно казнуваме непожелното однесување;

Колку и на каков начин воспоставуваме правила и граници во домот и надвор од него.

Повеќе за ова од психологот Христина Стефановска, на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини