МАЛИТЕ ИТАЛИЈАНЦИ ПОВЕЌЕ НЕМА АВТОМАТСКИ ДА ГО ДОБИВААТ ПРЕЗИМЕТО НА ТАТКОТО Бебињата во Италија ќе имаат две презимиња
Малите Италијанци повеќе нема автоматски да го добиваат презимето на нивниот татко, туку, ако родителите не одлучат поинаку, ќе ги добиваат и двете презимиња
Децата во Италија повеќе нема автоматски да го добиваат презимето на таткото при раѓањето, одлучи Уставниот суд во Рим.
Досега во оваа медитеранска земја на новороденото дете било задолжително да му се дава презимето на таткото доколку таткото го признал. Со заедничка пријава, мајчиното презиме можеше да се додаде на презимето на таткото и да се стави после него.
Во Италија, жените го задржуваат презимето и по бракот, што значи дека италијанските мајки досега во повеќето случаи имале презимиња поинакви од оние на нивните деца.
Повеќе за ована порталот „Мајка и дете“.