МАЛИТЕ ДЕЦА И ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ Дали треба да имате целосна доверба во вашите миленичиња?

Спиев со моето маче додека еден ден не ми ја скина рожницата на окото. Не беше намерно, секако, ама беше непријатно, а можеше да биде и полошо. И да, се случило, поради некоја само ним позната и веројатно оправдана причина, кучето да касне некого од семејството што го чува. Што мислите вие на оваа тема?

124

Корисник на Тик-Ток неодамна сподели видео од игра помеѓу момчето Портер и германскиот овчар Ото.

Нивната преслатка игра ја снимила мајката на Портер, Бела, а од објавувањето, видеото е прегледано повеќе од 19 милиони пати на популарната платформа.






Во првиот дел од видеото, Портер и Ото си играат на земја, кучето изгледа како повремено нежно и разиграно да го грицка.

Бидејќи момчето се смее, неговата мајка не реагира и не го оддалечува кучето, што за некои корисници на Тик-Ток е аларм за узбуна.

Тие ја советуваат Бела да не го прави тоа повеќе и да ја прекине ваквата игра.

Повеќе за ова, како и видеото, можете да најдете ТУКА.

Поврзани содржини