МАЛЕЧКАТА ЕМИЛИ МОЖЕБИ Е ЖИВА? Таткото кој претпочиташе неговата ќерка да е убиена отколку да биде заробена од Хамас, доби нова вест
На Том Хенд од Даблин првично му беше кажано дека неговата ќерка Емили Ханд била меѓу групата луѓе убиени во нападот на Хамас врз Кибуцот Бери во Израел на 7 октомври, но потоа му рекле дека тестовите покажале дека нејзината ДНК не е пронајдена меѓу жртвите во Кибуцот Бери.
На таткото од Ирска, кој низ солзи велеше дека претпочита неговата осумгодишна ќерка да е мртва отколку заробена од Хамас, сега му било кажано дека малечката Емили, можеби е сè уште жива.
На Том Хенд од Даблин првично му беше кажано дека неговата ќерка Емили Ханд била меѓу групата луѓе убиени во нападот на Хамас врз Кибуцот Бери во Израел на 7 октомври.
Ирската амбасада во Израел потврди за ирскиот медиум RTE дека сега се верува дека Емили била киднапирана, а не убиена, јавува Би-Би-Си.
Официјален претставник на амбасадата рече дека тестовите покажале дека нејзината ДНК не е пронајдена меѓу жртвите во Кибуцот Бери.
Семејството на Емили во неделата изјави дека израелските одбранбени сили сега веруваат дека постои „голема можност“ таа да е меѓу луѓето кои Хамас ги држи како заложници во Газа.
Се сомневаат дека како заложници биле земени и нејзината пријателка кај која престојувала, како и мајката на нејзината другарка.
Емили била во Кибуц Бери, на помалку од пет километри од границата со Газа, кога Хамас го започнал нападот.
Во тој кибуц загинаа повеќе од 100 луѓе.
Десетици луѓе од кибуцот се уште се водат како исчезнати, а некои се верува дека се држенат како заложници во Газа.
Неколку дена по нападот, Том Хенд даде емотивно интервју за Си-Ен-Ен.
In a heart-wrenching interview on @CNNsitRoom, CNN reporter Clarissa Ward speaks with @WolfBlitzer about a grieving father who finally received confirmation of his daughter’s tragic death during the Hamas attack. Watch: pic.twitter.com/F9Yh3lW5KI
— CNN (@CNN) October 12, 2023
Тој рече дека Емили била со пријателка во Кибуцот на 7 октомври и два дена подоцна израелските власти му рекле дека веруваат дека е мртва.
Во едно интервју кое го обиколи светот, Томас рече дека му е помило ако Емили е мртва отколку да биде земена како заложник, бидејќи бил преплашен од тоа како терористите ќе ја третираат.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Ханд се расплака додека го раскажуваше моментот кога му било кажано дека телото на неговата ќерка е пронајдено – и рече дека неговата реакција била со олеснување што таа не била киднапирана наместо тоа.
-Тие рекоа: „Ја најдовме Емили. Таа е мртва, а јас само реков „Да!““, реков „Да“ и се насмевнав, бидејќи тоа е најдобрата вест од можностите што ги знаев – рече Ханд во емотивната изјава.