МАЛА ЛАЖИЧКА МЕД НАУТРО, ГОЛЕМИ ПРИДОБИВКИ Едноставна рутина која ги отстранува токсините од организмот
Редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунитет, но исто така ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Го подобрува варењето и обновувањето на ткивата, а помага и во обновување на крвните елементи. Медот има антибактериско дејство, го подобрува исфрлањето на токсините од организмот, а делува и против стресот.
Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите инструкциите на нашите постари и навистина земате по една кафена лажичка секое утро? Со зголемениот број луѓе кои го исфрлаат белиот шеќер од нивната исхрана, популарноста на медот почна да расте.
Нутриционистите советуваат да го додадете во овесната каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.