МАКРОН ЌЕ ГО СЕДНЕ ЗЕЛЕНСКИ НА СТОЛЧЕ? Украина да си одлучи колку територија ќе отстапи

Европа има договор за неиспраќање тешко оружје во Украина за кој Зеленски знае, а можеби тоа е причината што украинскиот претседател беше ладен кога Макрон проба да го прегрне пред камерите. Францускиот лидер порача и дека Европа нема да преговара во име на Киев со Русија, но и изненадувачки, „Русија да не биде понижена“.

4,562

На Украина е да одлучи дали и какви отстапки на територија кон Русија ќе направи за да се стави крај на војната, објасни францускиот претседател Емануел Макрон при неговата вчерашна посета на Киев заедно со колегите Шолц и Драги, слично како една претходна изјава на Јенс Столтенберг. Неговите остри најави месецов дека Украина „во одреден момент“ ќе мора да седне на преговарачкото столче, вчера беа потврдени од европските челници. А, кога тој срдечно проба да го прегрне Зеленски пред камерите, Зеленски остана збунет, ладнокрвен и очигледно бесен, пишува ДејлиМејл.

– Ова е на Украина да го одлучи – рече Макрон, одговарајќи на прашањето кои отстапки, вклучително и на нејзината територија, Украина треба да ги прифати, пренесува Ројтерс.

 






Зеленски знае

Уште повеќе, Макрон во интервју за телевизијата ТФ1 вели дека Германија и Франција нема да преговараат со Русија наместо Киев. Според него Европа има договор да не ѝ испорача тешко оружје на Украина, за кој Зеленски веќе знае.

– Зборувате за неформален договор, но тоа е речиси официјалниот став на партнерите во НАТО. Ние ѝ помагаме на Украина да се одбрани, но не влегуваме во војна против Русија. Затоа беше договорено да не се испорача одредено оружје, како што се авиони за напад или тенкови – дециден беше Макрон.

– Претседателот Зеленски е запознаен со овој договор – додал Макрон, пренесува Укринформ.

Според Макрон, Франција ѝ помага на Украина главно со муниција и со одредени категории оружје, оклопни возила, а обезбедила и 12 хаубици „Цезар“.

Ставот на Макрон е идентичен со оној на американскиот претседател Бајден од 30 мај, кога изјави дека „во Украина нема да испраќаме ракетни системи што можат да удрат во Русија“. Иако Украина во повеќе наврати објави дека нема намера да ја нападне Русија со оружје од висок дострел, вчера медиумите објавија за преписка каде Киев би го нападнал мостот во Крим доколку дојде до вакво оружје, на што Москва остро реагираше. 

фото: твитер/принтскрин

Кога ќе дојде време, Европа ќе седне до вас

Сепак, она што во медиумите излезе како изјава од Макрон е неговата реченица дека „Украина мора да победи“. Францускиот лидер проба да ја смири топката со фактот дека „ниту Зеленски нема да понуди никакви отстапки во име на земјата или да разговара за нив“, пренесува ТАСС.

За него, битно е Европа да се држи до меѓународното право.

– Кога ќе дојде време да се собереме на преговарачката маса, Европа ќе разговара за безбедносните гаранции кои произлегуваат од меѓународните договори, кои украинскиот претседател ќе ги спроведе во име на својата нација – рече Макрон, додавајќи дека тоа ќе доминира во идните разговори со Русија.

– Од Украина и од нејзиното раководство зависи кога и под кои услови ќе ги продолжат разговорите со Москва – додаде францускиот лидер.

 Не ја понижувајте Русија?!

 Не е првпат Макрон да ги разбесни Украинците. Последниве денови тој повика украинските власти „да не ја понижуваат Русија“ сугерирајќи дека ќе треба да преговараат со Владимир Путин за да излезат „надвор од рампата“ од војната што тој ја започна.

Освен тоа, Макрон ја повтори својата претходна изјава дека и Русија е дел од европскиот континент.

На Макрон во главниот град на Украина му се придружија неговите германски, италијански и романски колеги утринава, пред да биде однесен во предградието Ирпин за од прва рака да го види уништувањето што го направија трупите на Путин и доказите за нивните воени злосторства.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во одреден момент“ украинскиот претседател и другите претставници на Украина ќе мора да преговараат за мир со Русија.

За време на посетата Макрон се очекува да ја посети и Молдавија, која би требало да добие кандидатски статус за ЕУ исто како Украина.

Поврзани содржини