МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПРОСЕК ИМААТ ПОДОЛГ ПЕНИС ОД АМЕРИКАНЦИТЕ Ворлд Дата објави интерактивна мапа, еве каде ние „стоиме“
Собраните вредности треба грубо да ја илустрираат врската помеѓу големината на пенисот и потеклото, наместо да даваат точна оценка, признаваат од Ворлд Дата.
Македонскиот просечен еректиран пенис е долг 13,98 сантиметри, што е осум проценти од висината на просечниот Македонец – 1,76 сантиметри. Вака сугерира список направен од Ворлд Дата за земјите во светот, каде најдолг пенис во просек имаат луѓето во Еквадор, од 17,76 сантиметри.
Македонија се наоѓа негде на средината на списокот, а имаме поголем просечен пенис од Американците каде тој изнесува 13,58 сантиметри, а за една стотинка од сантиметарот сме и над Украинците. Според списокот, од нашите балкански соседи предничат Бугарите со пенис од 15,02 сантиметри.
„Ниту една друга тема на оваа веб-локација не е побарана почесто од просечната големина на машките гениталии“, објаснува Ворлд Дата на нивната вебстраница, конечно отстапувајќи се на побарувачката.

Интересно е што податоците се земени од мажи кои сами ја пријавувале должината, па статистиката може и да не е целосно веродостојна. Исто така, некои мажи наместо должината пријавувале вредности за обемот на пенисот, односно неговата дебелина.
„Собраните вредности треба грубо да ја илустрираат врската помеѓу големината на пенисот и потеклото, наместо да даваат точна оценка“, признаваат од Ворлд Дата.
ИФЛ Наука пишува дека најважно е да се знае дека големината на пенисот не е толку важна за имањето здрав сексуален живот и дека тоа повеќе е нешто што самите мажи меѓу себе го сметаат за знак на мажественост.
Истовремено, на сајтот на Ворлд Дата може да се види и список за просечната големина на женските гради во светот. На списокот не се дадени сите земји, а предничи Норвешка со големина Ц и Д.