МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА Филмови, режисери и актери што ни го обелија образот

Шеесеттина филмови, снимени од 1952 до 1991 година, во рамките на југословенската кинематографија, ќе останат запаметени во историјата на македонскиот филм. Повозрасните сигурно ги гледале, а помладите треба да ги видат. Еден од следните квизови ќе го посветиме на историјата на филмот во независна Македонија. Квизот има 15 прашања, а за секое прашање се понудени по 4 одговори, од кои само 1 е точен. Поучно и забавно.

159

КЛИКНИ НА ПОЛЕТО НА ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ

1 / 15

Како се вика првиот македонски филм снимен по Втората светска војна, во 1952 година?

2 / 15

Кој е сценарист на филмот „Фросина“?

3 / 15

За улогата на Манданата во филмот „Мис Стон“, еден македонски актер на фестивалот во Пула ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобра машка улога. Тоа е:

4 / 15

Филмот „Солунските атентатори“ (1961 година) е посветен на група македонски анархосоцијалисти, кои во април 1903 година извршиле напади на објекти во Солун, меѓу кои бил и бродот „Гвадалкивир“. Во историјата, оваа група е позната како:

5 / 15

Во филмот „Македонска крвава свадба“ (1967) на режисерот Трајче Попов, Вера Чукиќ го игра ликот на девојка грабната и однесена во харемот на Осман-бег (Ристо Шишков). Како се вика девојката?

6 / 15

„Републиката во пламен“ е филм посветен на Илинденското востание. Режисер на овој филм е:

7 / 15

Филмот „Црно семе“ е снимен по сценарио од истоимениот роман на Ташко Георгиевски, а режисер е Кирил Ценевски. Водечката машка ролја во овој филм (овенчана со „Златна арена“ во Пула) е најзначајното актерско остварување на:

8 / 15

Во 1942 година, бугарската фашистичка војска на чело со полковник (Фабијан Шоваговиќ), врши опсада на едно битолско село, во кое се наоѓа партизанскиот водач Даскалот (Дарко Дамевски), кој се крие во куќата на повратникот од Америка, познат како Џо (Павле Вуисиќ)... Ова е дел од содржината на филмот:

9 / 15

„Истрел“ е филм за атентатот врз бугарскиот агент Емануел Мачков, кој го извршиле младинци илегалци во окупирано Скопје. Режисер на овој филм е:

10 / 15

По сценарио на Петре М. Андреевски, Бранко Гапо го режираше и на филмот „Најдолгиот пат“ (1976).  Филмот ја прикажува Голготата на група македонски заробеници на пат кон Мала Азија. Турскиот аскер го предводи Чаушот, кого во филмот го глуми:

11 / 15

Филмот „Исправи се, Делфина“ е инспириран од вистински настан, препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонка Атина Бојаџи (Неда Арнериќ). Автор на музиката во филмот е:

12 / 15

Како се вика првиот македонски филм номиниран за „Оскар“ (во 1979 година)?

13 / 15

Граѓанската војна во Грција е тема на македонскиот игран филм „Црвениот коњ“ и на истоимената серија. Филмот е во режија на Столе Попов, а главната ролја ја игра југословенскиот актер:

14 / 15

Според многумина, „Среќна Нова ‘49“ година е најдобриот македонски филм на сите времиња. Покрај „Црно семе“, тој е единствениот македонски филм кој е југословенска номинација за Оскар. Режисер на овој филм е:

15 / 15

Играше во многу македонски филмови, меѓу кои и во филмовите на Столе Попов „Среќна Нова ‘49“ (Бота) и „Тетовирање“ (Илко), вториов последен во рамките на југословенската кинематографија. Тој е еден од најуспешните македонски актери на сите времиња. Неговото име е:

Your score is

The average score is 77%

Ако сте ги пропуштиле квизовите на Плусинфо, повелете линкови:






КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ПАПИТЕ И ЗА ВАТИКАН? Богата е историјата на Светата столица

КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ? Да се потсетиме на најзначајниот настан во историјата на христијанството

ЛЕГЕНДАРНИ ИЗЈАВИ И ГАФОВИ НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ Рекоа, се прославија или се посрамотија?

ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ 15 прашања за актуелните ѕвезди, но и за скандали во „белиот спорт“

ПОЗНАТИ СЛИКАРИ И НИВНИТЕ ДЕЛА Не треба да сте експерт за да ги препознаете, обидете се!

Поврзани содржини