МАКЕДОНСКА СНАА, УКРАИНСКИ ЗЕТ И ИТАЛИЈАНСКА КУЈНА Парче од Италија во Тафталиџе 1
Нашиот шеф Влатко Огненовски и неговата сопруга, Украинката Олга, се добро уиграни не само како брачен пар, туку и како тим, па додека тој спрема италијанска храна во неговата Таверна Тоскана, таа дома му готви украинска. „Не можам да се натпреварувам со маж ми во италијанска кујна, па се држам до тоа што го знам, боршч, вареники и полнети палачинки, вели Олга. Заедничко царство им е нивната Тоскана, онаа во Тафталиџе 1, која претстојниот викенд се сели привремено на скопскиот плоштад каде што е дел од деновите на италијанската кујна
Во пресрет на второто издание на Фестивалот на италијанска храна во Скопје, ја посетивме „Таверна Тоскана“, ресторан кој е секако, дел од настанот, пред сѐ, заради сопственикот и шеф Влатко Огненовски, кој ја донесе тосканската кујна во градот, но и повеќе врвни италијански шефови како Дучо Лоренцини, Фабио Џануци кои низ годините готвеа во неговата „Тоскана“ во Тафталиџе 1.
„Многу сакам да го поддржувам овој настан и мило ми е што приказната продолжува и годинава бидејќи минатата година беше навистина убаво и привлече многу луѓе кои уживаа во автентичните вкусови на италијанската кујна, а годинава очекувам да биде уште поуспешно. Наспроти модифицираните италијански кујни надвор од границите на Италија, ние слободно можеме да кажеме дека благодарение на добавувачите кои ги носат сите оние автентични италијански производи кои во минатото недостасуваа и на нашите вештини, ние креираме автентична италијанска кујна во Скопје, буквално, имаме парче од Италија во нашиот град“, вели Влатко најавувајќи ги деновите на италијанска кујна со многу љубов и, како и секогаш, со голема страст и ентузијазам.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.