МАКЕДОНСКА ПЕЈАЧКА СО ИТАЛИЈАНСКИ КОРЕНИ Серафина Фантаузо е наследничка на големиот Енцо Серини
Од татко Италијанец кој дошол во Македонија во 50-тите години од минатиот век и мајка Македонка, нашата Серафина Фантаузо е совршен италијанско-македонски „производ“. Го наследила музичкиот ген од татко ѝ, баритонот Енцо Серини и иако како мала не сакала да чуе да стане оперска певица, таа се вработила во македонската опера уште по завршувањето на средното училиште
Серафина Фантаузо и нејзиниот колега Наско Чапар ги сретнав во Таверна Тоскана каде што бев за да направам текст за неделата на италијанска кујна. Беа таму за да се договорат за своите настапи во таверната, каде што еднаш неделно пеат италијанска музика, а шеф Влатко Огненовски, се знае, ја прави најдобрата италијанска храна, па така, врти-сучи, за сѐ е виновна таа пуста Италија која на многумина од нас ни лежи на срце. Кому храната, кому музиката, кому земјата и луѓето, кому сѐ заедно.
Токму затоа и нашиот шеф Влатко Огненовски, решил да ја дополни понудата во својот ресторан и покрај италијанска кујна, да „послужи“ и италијанска музика во живо која ја изведуваат не случајно, токму овие двајца професионалци.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.