МАКЕДОНИЈА СОБИРА ПАРИ ЗА КИКО! Момчето кое боледува од ретко генетско заболување го чека пат во Турција
Здравствената состојба на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван е влошена, додека сѐ уште трае собирањето на донации за да биде испратен на лекување во Турција.
За три дена биле собрани 40.000 евра за дваесетгодишниот Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван кое боледува од реткото генетско заболување Атаксија-телеангиектазија и мора итно да замине на третман во Турција поради влошување на состојбата со неговата ретка болест.
Бидејќи недостасуваат уште средства, денес и од Буџетот на општина Штип, како што објави на својот профил на Фејсбук штипскиот градоначалник Иван Јорданов, ќе бидат префрлени финансиски средства на семејството на Кристијан, за да им се помогне полесно да го издржат скапото лекување.
За таа цел следниот вторник, во 21 часот, во Домот на културата во Штип ќе се одржи хуманитарен концерт на кој е најавен настап на десетина естрадни ѕвезди од Македонија (Два Бона, Тајзи, Таско, Барбара Ракичевиќ, ДЈ Боно, Огнен Здравковски, Пајак, Иван Јованов).
Картата ќе чини симболични 200 денари, ќе има и кутии за донации. Може да се донира и на Телеком 143 130 и А1 143 471.