МАКЕДОНЦИТЕ 518 ГОДИНИ БИЛЕ ПОД ТУРСКО Мапа покажува колку време секој народ на Балканот поминал под „администрација“(ФОТО)
Освен Македонија, со темнозелена боја може да се види дека османлиската рута води кон делови на централа Босна и Херцеговина, каде според оваа мапа, Османлиите останале 415 години.
Мапа објавена на brilliantmaps.com, која била споделена на Редит од корисникот „Породично стабло“ покажува колку секоја од земјите од Западен Балкан поминале под турско ропство. Резултатите се најтемни во Македонија. Земјата е рекордер со 518 години, или половина милениум. Како што се оди на север, може да се види дека бројката се намалува, па во делови од денешна Босна и Хрватска и Војводина бројката доаѓа до само 145.
Околу Белград се вртат бројките 263 и 197, а во делови на хрватското приморје 177 години. Познато е дека Македонија како централна територија на Балканот била тактички многу важна за Османлиите и тоа е една од причините, заедно со плодната почва погодна за одгледување и опиум и хашиш, што тие најдолго не ја предале оваа територија. Тоа важи и за собирањето даноци и други елементи на власта кои биле посилни на југот, отколку на северот. Турската власт била силна и на југот околу Солун, кој останал втор најбитен центар во европскиот дел на Империјата по Истанбул, слично како што било во Византија.
Освен Македонија, со темнозелена боја може да се види дека османлиската рута води кон делови на централа Босна и Херцеговина, каде според оваа мапа, Османлиите останале 415 години.
Мапата е потпишана од картографот Душан Дачиќ.