📽📷 МАГИЈАТА НА ХАРИ ПОТЕР СТАНА РЕАЛНОСТ Штитот за невидливост е одличен за илузионистички трикови
Штитот за невидливост функционира со помош на специјално дизајнирана леќа, благодарение на која светлината одзади (без оглед на позадината) се насочува кон гледачот.
Тимот зад проектот „Инвизибилити шилд“ на Јутјуб објави видео од неговиот производ кој е „штит за невидливост“, објави Сајнс алерт.
Инвизибилити шилд 2.0 (Invisibility Shield 2.0“) нема да ги направи луѓето 100% невидливи, но е интересна алатка за забава и за шега.
Технологијата што ја користи овој штит им овозможува на луѓето да „гледаат низ него“, иако сликата е малку заматена.
Штитот за невидливост функционира со помош на специјално дизајнирана леќа, благодарение на која светлината одзади (без оглед на позадината) се насочува кон гледачот. Светлината истовремено се прекршува кон набљудувачот од објект што се наоѓа веднаш надвор од штитот.
Според создавачите на штитот, тој најдобро се користи со еднолична позадина, а најдобри резултати се добиваат кога се користи во услови на слаба осветленост или кога надвор е облачно. Само што штитот работи во двете насоки, па ако сакате да видите што се крие зад него, треба да се движите и да ја разбиете илузијата.
Штитот доаѓа во неколку големини – најголемиот е висок 183 сантиметри, а за поставување се потребни околу 15 минути. Од друга страна, пак, најмалиот модел се вика „Мини“, а димензиите му се 30 со 20 сантиметри, па лесно можете да го искористите за магични трикови, односно за криење ситни предмети.