Корпорацијата Мајкрософт објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто.
„Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција”, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од 5 отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки“ позиции.
Мајкрософт ќе потроши околу 1 милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.