МАЈКИТЕ ЗАШТИТУВААТ, ТАТКОВЦИТЕ ПОТТИКНУВААТ НА ПОМЕСТУВАЊЕ ГРАНИЦИ Разликите во воспитувањето – голема придобивка за децата

Додека мајките имаат тенденција да бидат претпазливи, татковците често ги поттикнуваат децата да ги поместуваат границите. Секој од овие стилови на родителство сам по себе може да биде нездрав. Заедно тие се балансираат едни со други и им помагаат на децата да останат безбедни додека ги прошируваат своите искуства и самодовербата. Токму затоа, таткото, како машки биолошки родител, дава единствен придонес во воспитувањето на детето што никој друг не може да го обезбеди.

233

Мајките и татковците одгледуваат различно, а оваа разлика е голема придобивка за децата.

Татковството е исто толку важно за здрав развој на детето како и мајчинството. Стручното списание, Review of General Psychology, открива дека доказите сугерираат дека влијанието на љубовта на таткото врз развојот на потомството е исто толку големо, а понекогаш и поголемо од влијанието на љубовта на мајката.






Експертот за татковство, д-р Кајл Прует објаснува во својата книга Fatherneed (Why Father Care is as Essential as Mother Care for Your Child): „Татковците не се мајки“.

Psychology Today вели: „Татковството е сложен и единствен феномен со огромни последици за емоционалниот и интелектуалниот развој на децата“. Ерик Ериксон, пионер во светот на детската психологија, објасни дека татковата и мајчината љубов се квалитативно различни видови на љубов. Татковците „сакаат поопасно“, вели Ериксон, бидејќи нивната љубов е „очекувачка, поинструментализирана од мајчинската љубов“.

Повеже за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини