МАЈКИ ИНФЛУЕНСЕРКИ, ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ! После вознемирувачкото сознание ги избришала лицата на своите деца од социјалните мрежи
Непознати луѓе направиле поединечни профили на секое нејзино дете, симнувале фотографии што ги објавувала и ги објавувале таму. Кети Роуз Причард е мајка на 4 деца и инфлуенсерка која по кражбата на фотографиите на нејзините деца, решила целосно да го смени својот пристап.
Пред четири години, Кети Роуз Причард одлучила да стане мајка инфлуенсерка. Таа видела некои други жени како го прават тоа, а штотуку го родила своето прво дете.
Отворила блог и почнала да објавува фотографии од нејзиното растечко семејство на Инстаграм. Набрзо почнала да соработува со брендови и собрала речиси 100.000 следбеници.
Но, пред два месеци оваа мајка на четири деца ги отстранила фотографиите на кои се гледаат лицата на нејзините деца од социјалните мрежи и целосно го променила својот пристап. На тоа ја натерала кражбата на фотографии. Кога видела фотографии од нејзината ќерка на профил кои личи на нејзиниот, се згрозила.
„Имавме различен идентитет на тој профил, различни имиња, но некој се преправаше дека е моето семејство“, изјавила таа за Good Morning America.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.