МАЈКА МИ ЈА НЕМА, АМА ИМА МНОГУ ДРУГИ…Зошто ни се неопходни дневни центри за лицата со деменција
Повеќе од 20.000 лица во земјава се соочуваат со некаков вид деменција, а со оглед на општото стареење на населението, се очекува нивниот број да биде уште поголем, рече д-р Габриела Новотни од Клиниката за неврологија на синоќешната тркалезна маса во Кинотека на Македонија. Еден од најдобрите начини да им се помогне на заболените и на нивните семејства е да се формираат дневни центри за престој на пациентите, кои се дел од стандардот за грижа за лицата со деменција и огромен чекор кон хуман и достоинствен третман на овие лица
На синоќешната тркалезна маса на тема: Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе, на дневен ред беше прашањето дали и колку сме толерантни кон лицата со деменција. Организацијата беше на Inner Wheel Club Skopje Europea, а интересот беше голем.
За разлика од пред 3-4 години, кога јас и мојата мајка која имаше деменција отидовме за првпат на скопскиот плоштад, на одбележувањето на Светскиот ден на Алцхајмер кој секоја година го организира Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука и неговата претседателка д-р Габриела Новотни и кога не сретнавме ниту еден друг пациент со оваа дијагноза, сега луѓето се конечно малку поотворени па на оваа тема зборуваат јавно. Така беше и синоќа кога и од говорниците на бината и од присутните во публиката можевме да слушнеме неколку лични приказни.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.