МАЈКА И ЌЕРКА ПРАВАТ САКСИИ ОД ЦЕМЕНТ И ПЛАСТИЧНИ КАПАЧИЊА Едноставни и совршено несовршени садови за билки

Со цемент, дробена пластика и многу љубов, скопјанката Стефани и нејзината мајка Катерина Пренкова создаваат уникатни саксии со едноставен дизајн и, што е најважно, градат бренд што ги спојува рачната изработка, циркуларната економија и естетиката инспирирана од природата.

991

Стефани Пренкова и нејзината мајка Катерина, која е шумарски инженер, веќе десет години го градат брендот Indoor Garden – мал бизнис кој расте со темпо на билка во саксија: полека и упорно.
Станува збор за изработка на декоративни саксии од цемент и природни компоненти.

„Нашиот прв сад за растенија се роди во 2015 година. Почнавме со класични бетонски саксии, но од љубовта кон природата и уметноста на флората, се роди желбата да експериментираме со циркуларни миксови. Денес, нашата “јапанси” колекција се состои од садови направени од цемент и природни материјали. Во моментов сме на работ од лансирање на најциркуларната формула досега – комбинација од донирана пластика и цемент“, најавуваат тие.






Кога велат донирана пластика, појаснуваат дека всушност, станува збор за материјал што го добиваат пред да стане отпад.
Оттука, објаснуваат, терминот „донирана пластика“ е посоодветен отколку „рециклирана“, бидејќи пластиката, поточно, пластичните капачиња, сѐ уште не поминале низ процес на рециклажа.

Колекцијата што ја развиваат со оваа комбинација од пластични гранули и цемент не е официјално пуштена во продажба, но изработените примероци покажуваат дека ќе биде полн погодок.

Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини