ЛУКСУЗНИ ХОТЕЛИ ЗА НОВОПЕЧЕНИ МАЈКИ Спа-центар, фризерски салон, јога, здрави и вкусни оброци…
Да се биде во луксузен хотел неколку недели по породувањето веројатно звучи како блаженство за секоја мајка, особено за онаа која е првпат во оваа улога и која се соочила со наплив на несакани посетители додека се обидувала да се снајде и да застане на нозе во новата улога на родител. Токму ова го овозможуваат сите оние луксузни хотели кои се специјализирани за постпородилна нега и се отвараат во сѐ поголем број низ светот
Навистина уживав во мојот престој во Paramount Postpartum Care – Melaka Confinement Center. Oва ми даде време да научам, да заздравам и да се опоравам по раѓањето на моето новороденче – особено како мајка за прв пат, вели инфлуенсерката и модел од Малезија, Вернис Малин Јео.
Станува збор за луксузен хотел за новопечени мајки во Малезија кој е само еден од повеќето вакви хотели кои се отвараат ширум светот.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.