ЛУК И СЛАНИНА ВО БОРБА ПРОТИВ ЧИА СЕМЕ И ГОЏИ БОБИНКИ Дали здравата храна од далеку го радува нашиот „балкански стомак“

Денес стана нормално на нашето мени да се најдат чиа семки, гоџи бобинки, нони, масло од коријандер, хималајска сол, мисо паста, алги, а сето тоа го јадеме со уверување дека правиме одлична работа за нашето здравје. А сланинче, лукче, кисела зелка…? Не звучи премногу фенси, па не е веќе интересно? Што всушност најмногу му годи на нашиот „балкански стомак“?

366

Многу од овие нови намирници, кои се користат илјадници години на Далечниот Исток и во традиционалната медицина, пристигнаа кај нас дури неодамна, а експертите предупредуваат дека сè што првпат внесуваме во организмот може да предизвика реакција.

Особено, како што објаснуваат нутриционистите, затоа што луѓето од нашиот регион „веќе се генетски кодирани за храната што се одгледува на ова поднебје“.






Генетскиот код за храна

Токму тоа, уште пред две години за српските медиуми го зборуваше српската нутриционистка Милка Раичевиќ, според која, нашето тело е „кодирано“ за храната што нашите мајки ја внесувале во организмот за време на бременоста.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини