ЛУГАНСК ЌЕ ПАДНЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ? Во 100-тиот ден од војната, окупиран е 90 отсто од регионот

Русија сега постигнува тактички успех во Донбас. Руските сили создадоа и одржаа моментум и се чини дека во моментов ја држат иницијативата над украинската страна. Сепак, ако ова се спореди со првичниот план на Русија, тогаш ниту една од стратешките цели не е постигната, пишува во извештајот.

2,191

Русија би можела да го заземе целиот регион Луганск во следните две недели, преудпредуваат бринтаските разузнавачи во свој извештај, а руските војски веќе контролираат 90 отсто од регионот. На 100-тиот ден од војната Украина доживува порази во војната во Донбас, додека Русија победува, но троши премногу ресурси, сила и оган, пренесува Гардијан.

Русија сега постигнува тактички успех во Донбас, продолжува извештајот. Руските сили создадоа и одржаа моментум и се чини дека во моментов ја држат иницијативата над украинската страна. Сепак, ако ова се спореди со првичниот план на Русија, тогаш „ниту една од стратешките цели не е постигната“.






Се додава и дека на Русија ќе треба постојано да инвестира во нов персонал и опрема за да постигне каков било успех, а за тоа веројатно ќе биде потребно долго време. Се чини дека изјавата на Столтенберг Западот да се подготви за „долга и мачна војна“ важи и за Истокот.

Денеска војната влегува во 100-тиот ден, а судејќи според одлуката на Украина да ја пролонгира вонредната состојба во земјата до август, конфликтот ќе трае најмалку до крајот на летото. Да се потсетиме, војната започна взори на 24 февруари кога  руската армија презеде голема офанзива и за помалку од 24 часа руските тенкови пристигнаа до предградијата на Киев. Притоа беше избегнат директен атентат врз претседателот Володимир Зеленски.

На 28 февруари руските сили влегуваат во Херсон, а градот е заземен на 2 март. Со освојувањето на Херсон на руските сили им беше отворен патот кон север кон Миколајив, но жителите пружија отпор. Руските сили се обидуваа преку Милолајив да отворат коридор кон Одеса.

Руските сили за неколку дена го освојуваат и градот Мелитопол, кој успешно се бранеше од руските напади во 2014 година. Претседателот на Русија, Владимир Путин и генералите тогаш оценија дека напредувањето низ Украина од Крим кон Миколајив и Мариупол значи дека набрзо ќе биде освоена целата земја.

Но, набрзо на приодите на Киев почнуваат борбите во кои руските сили претрпуваат големи загуби. Градовите Чернихив и Харков пружија голем отпор и не дозволија продор кон Киев. Борбите за Киев траеја од 24 февруари до 4 април.

Најтешките борби, 82 дена се водеа за Мариупол, кој на 18 мај беше заземен од руските сили. Само неколку дена по падот на Мариупол, руските сили почнуваат офанзива на исток, поточно кон Северодонецк.

Откако руските сили не напредуваа како што беше планирано се прераспоредуваат и се насочуваат кон освојување на Донбас. Нападите од окупираните подрачја Луганск и Доњецк почнаа кога руски тенкови од Крим, од Русија и Белорусија влегоа во Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјавио дека административниот главен град на Донбас, Северодоњецк е „80 отсто под окупација“ и оти се водат улични борби. Исто така се водат борби и во Луганск.

Според дел од аналитичарите ако руските сили го освојат Донбас тогаш најверојатно ќе биде прогласено примирје.

Во војната во Украина, според податоци на Обединети нации, досега загинаа повеќе од 4.000 луѓе и речиси ист број повредени. Околу 30 проценти од територијата на Украина е под руска окупација. Речиси во целост е запрен извозот на храна од Украина, пред сè на житото.

Поради инвазијата врз Украина, Русија се соочи со одлучен и единствен одговор на земјите-членки на НАТО и на ЕУ и уследија санкции кон Москва, како и воена и финансиска помош за Украина.

Поради војната во Украина, Шведска и Финска побараа членство во НАТО, но моментално се заглавени во преговори со Турција, која поставува услови за нивно влегување во Алијансата.

Поврзани содржини