ЛОВОРИКИ ЗА ЛОВОРОТ Евтин зачин за манџи, лек за грло и кашлица, ама и за слабеење и за сите видови болки
Ако некаде сте слушнале дека ловоровиот лист е отровен, тоа е делумно вистина, но само за кучињата и мачките и тие никако не би смееле да го јадат, а и на трудниците им се препорачува да го избегнуваат во исхраната. Сите останати би требало да го користиме што повеќе затоа што делува антиоксидативно, противвоспалително и антивирусно, а одличен е и како борец против кашлицата.
Главите на римските императори биле украсувани со ловорови лисја, а нашите баби го користеле како зачин во секоја манџа.
Но, освен што се користел како украс за главите на славните војководци и како зачин, ловоровите лисја се употребувале и како лек за многу болести. Па така на пример, како лек против кашлица, против разни видови болки, главоболки и проблеми со косата и кожата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.