ЛИГЊА СО ДЕСЕТ РАЦЕ КРСТЕНА ПО БАЈДЕН Научниците го пронајдоа потомокот на октоподите
Бев охрабрен од плановите што Бајден ги изнесе за да се спротивстави на климатските промени и неговото општо чувство дека политичарите треба да ги слушаат научниците, вели научникот кој ја крстил лигњата.
Лигњата Syllipsimopodi bideni крстена по американскиот претседател Џо Бајден е најстариот откриен предок на цефалоподите, што значи и на денешните октоподи, а научниците се пофалија дека била стара 328 милиони години и имала уште две краци, покрај стандардните осум, пишува Индепендент. Тоа значи дека овие лигњи биле поголеми предатори, велат од Американскиот музеј за природна историја во Њујорк.
Видот е откриен во заливот Мисисипи во Монтана, која е една од најдобро зачуваните фосилни локации во светот. Се работи за таканаречена вампирска лигња, наречена така поради темната кожа налик на наметка. Откритието е битно бидејќи сугерира дека цефалоподите се барем 82 милиони години постари од што се мислело.
– Ова е првиот и единствен познат вампиропод кој поседува десет функционални додатоци – изјави д-р Кристофер Вејлен, главниот автор на трудот за лигњите.
Интересно е дека научниот труд беше објавен во списанието „Nature Communications“ околу времето на инаугурацијата на 79-годишниот американски претседател.
– Сакав на некој начин да го признаам моментот на начин што е попозитивен и попрогресивен – вели Вејлен.
– Бев охрабрен од плановите што Бајден ги изнесе за да се спротивстави на климатските промени и неговото општо чувство дека политичарите треба да ги слушаат научниците – додава тој.
Вампироподите се предци на вампирските лигњи и октоподи. Нивното потекло е нејасно. Современите потомци имаат осум раце и две големи очи, што им овозможува да преживеат во темните води во на дното на океанот.
Октоподите и лигњите можат да имаат и до 45 и 60 стапки во должина, а да тежат и до половина тон. Сепак, новооткриениот „бајденов“ вид е краток, помал од пет инчи, што покажува дека првите цефалоподи започнале со мали димензии пред значително да пораснат.
Фосилот на S.bideni бил ископан уште во 1980-тите години, но на научниците им требале 30 години да заклучат дека се работи за нов вид. Клучно за тоа било откритието на десетте краци.
– Сите претходно пријавени фосилни вампироподи кои ги зачувале додатоците имаат само осум краци. Овој фосил е веројатно првата потврда за идејата дека сите цефалоподи поседувале десет раце.
Џо Бајден беше инаугуриран на 20 јануари минатата година. Тој е 46-ти претседател на САД. Мноштво чудни животни биле именувани по неговите претходници, вклучувајќи го и малиот молец Неопалпа доналдтрумпи, именуван по Трамп, поради својата жолто-бела круна.
Baracktrema obamai е вид на рамни црви што треба да му оддадат чест на Барак Обама.