ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ НА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Сите насилници се слични, како да оделе на училиште за насилници

Ирена и Љупка се едни од ретките жени кај нас кои излегоа и јавно проговорија за тортурата и насилството на своите сега веќе поранешни сопрузи. Секоја реченица на едната, ја прекинуваше другата велејќи: „исто, исто беше и кај мене, како да оделе во училиште кадешто се учи како се станува семеен насилник“

546

Скопјанката Љупка Мачкова и битолчанката Ирена Димоска ги запознавме на регионалната конференција „Профемина 2023“ во Скопје, во организација на списанието „Убавина и здравје“. Темата на панел-дискусијата на која учествуваа беше: Што можеме заедно да направиме за да ја осигуриме безбедноста на жените во семејството, на работа и во општеството.

Имено, овие две симпатични жени на свои 36-37 години, биле жртви на семејно насилство кои после многу кавги, тортури и психичко и физичко насилство, решиле да му стават крај на бракот и не само тоа, туку и јавно да ги раскажат своите приказни и да им станат инспирација и поддршка на други жртви на семејно насилство.
Двете се запознале преку Фејсбук групата за поддршка на жени-жртви на физичко и емоционално насилство.
И Ирена и Љупка се мајки на по две машки деца, оние на Ирена се помали и имаат 7 и 6 ипол години, а тие на Љупка, 11 и 7.
Тие ги раскажаа накусо своите приказни на конференцијата, а подоцна, во разговор за нашите портали, раскажаа и повеќе.






Целиот текст прочиутајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини