ЛИЧИ НА ЈУПИТЕР, СЕГА МОЖЕМЕ ДА ЈА ВИДИМЕ Телексопот Џејмс Веб ги објави првите слики од планетата оддалечена 363 светлосни години

Тој, таа или тоа е гасен џин кој има маса која се проценува дека е меѓу шест и 12 пати поголема од Јупитер и е релативно млад, а датира од пред околу 15 или 20 милиони години.

927

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб ги направи своите први снимки од планета надвор од нашиот Сончев систем. Оддалечена е 363 светлосни години од Земјата. Младиот „супер Јупитер“ орбитира околу своето сонце. Но, од неговото сонце тој е оддалечен речиси 100 пати повеќе отколку што се Земјата и Сонцето. Затоа потребни му се околу 600 Земјини години за да ја заврши ротацијата, јавува РТ.

Еве како изгледа убавецот наречен HIP 65426 b:






HIP 65426 b, првпат беше откриена од страна на Spectro-Polarimetric High-Contrast Exoplanet Research (SPHERE) во 2017 година, така што тимот на Џејмс Веб точно знаеше каде да ја најде.

Тоа е гасен џин кој има маса која се проценува дека е меѓу шест и 12 пати поголема од Јупитер и е релативно млад, а датира од пред околу 15 или 20 милиони години.

Тоа што овој „супер Јупитер“ е толку далеку од својата ѕвезда, значи дека е прилично поблиску до нас. Односно, до Џејмс Веб, што е и причинта зошто телескопот направи толку јасни снимки.

Неговите оптички сензори имаат специјални алатки наречени коронаграфи, кои можат да го блокираат зрачењето од ѕвездата и да овозможат сликање на помалку светли објекти во близина. Колку е подалеку една планета од ѕвездата, толку подобро може да се елиминира нејзината светлина.

Фотографирајќи, телескопот снимил светлина неколку бранови должини од планетата. Таквите фотки не би можеле да се направат на Земјата поради атмосферата која ќе ги блокира овие бранови.

Поврзани содржини