📽️ ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛИ ВО СРБИЈА ОД СЛЕДНИОТ 1 ДЕКЕМВРИ? Вучиќ од Пекинг најави и примена на АИ, додека „ракети не требаат“

Едно од промотивните видеа на кинеската компанија Xpeng која ја спомна српскиот претседател говорејќи во Пекинг го прикажува моделот CES 2025 во кој собира две лица, возач и совозач и личи на голем дрон со перки.

635

Тестирањата на летечки автомобили во Белград би можеле да почнат уште следната година, а Србија да стане меѓу првите земји во Европа што ќе ги покаже во реална употреба. Тоа би се случило токму за време на Експото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Пекинг, јави „Блиц“.

Скапите Xpeng ќе полетаат од Белград?






– Очекувам компанијата Xpeng наскоро да добие дозвола за летечки автомобили во Кина, а цената им е околу 300.000 долари. Уверен сум дека до 1 декември 2025 ќе покажеме како функционираат и кај нас, на EXPO во Србија. Ако продолжат да ми се смеат, уште подобро – изјави Вучиќ.

Тој објасни дека Србија веќе имала конкретни разговори со 11 кинески компании, вклучувајќи фирми од областа на вештачка интелигенција, здравство, образование и воена индустрија.

– Разговаравме за отворање на фабрики, нови инвестиции, па и илјадници работни места, особено во источна Србија – нагласи тој.

Едно од промотивните видеа на компанијата Xpeng кое може да се најде на социјалните мрежи го прикажува моделот CES 2025 во кој собира две лица, возач и совозач и личи на голем дрон со перки.

 

Алгоритми што спасуваат животи

Претседателот посочи и дека кинеските партнери им презентирале уреди за вештачка интелигенција кои веќе биле имплементирани во болници.

– Машина што чита дигитални податоци и открива проблем кој докторот не го видел. Така се спасени стотици, можеби илјадници животи – рече Вучиќ.

„Не ни требаат ракети, мала земја сме“

Во однос на воената индустрија, Вучиќ подвлече дека Србија не е заинтересирана за балистички, хиперсонични или нуклеарни ракети.

– Немаме капацитет за тоа, а ниту ни е потребно. Ние сме мала земја – нагласи тој.

Српскиот лидер призна дека Кина има сериозна технологија, но српските интереси биле поинакви. Како пример наведе лесен тенк од 30 тони со топови од 105 милиметри и 12,7 милиметри, кој се покажал како исклучително ефикасен во неодамнешниот осумдневен конфликт меѓу Индија и Пакистан.

Српските медиуми се поделени во врска со посетата на Вучиќ на Парадата на пријателството во Пекинг овие денови. Дел од нив го нагласија неговото место на црвениот тепих меѓу лидерите на Кина, Русија, Етиопија, Египет и Унгарија, додека други коментираа на дистанцата меѓу Вучиќ и западните партнери.

Вучиќ во рамки на посетата се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин, со кого, според медиумите, разговарале за енергетиката, Украина и за статусот на Косово.

Поврзани содржини