ЛЕСКОВАЧКА СКАРА ВО ВСЕЛЕНАТА Готвач од Лесковац ќе готви за НАСА

Во избор на 40 готвачи до светот кои ќе готват за америнканските астронаути под покровителство на НАСА.

263

Лесковачкиот готвач Момчило Цониќ е избран да биде меѓу 40 готвачи од светот кои ќе имаат шанса да направат јадење за космонаутите на НАСА.

На менито ќе бидат традиционални рецепти од Лесковац, а организацијата е дел од проектот на НАСА – „Спејс клуб кичен“, кој американската вселенска агенција го остварува во соработка со Светската организација на готвачи.






Цониќ е благодарен и возбуден за оваа можност да го презентира своето знаење пред светот, но како што вели има задача достојно да го претстви и својот народ и државата Србија.

„Се разбира дека сум среќен што јас ќе имам прилика да спремам наши традиционални јадења, но тоа за мене е и голема обврска. Ова е историско случување во кое ќе учествуваме и мораме да покажеме што знаеме и умееме. Познати сме по традиционалните јадења, а сега ќе имам можност да им ги покажам и на целиот свет“, изјави Цониќ.

Покрај традиционалните јадења од своите земји сите готвачи ќе мора да го спремат и индонезиското јадење “ренданг“, а настанот ќе биде пренесуван од Би-Би-Си.

 

Поврзани содржини