КУТРИ ДЕЦА СО ВАКВИ РОДИТЕЛИ Ги плашат децата со Гринч кој им ги краде подароците

На контроверзното видео објавено на ТикТок се гледа како Гринч влегува во куќата со намера да им ги украде подароците на двете момчиња. Тие се избезумени и додека едното плаче на цел глас, другото, максимално вознемирено, се обидува да го спречи Гринч.

175

Најновиот тренд на социјалните мрежи стана вистински хит меѓу родителите кои се маскираат во Гринч (американски компјутерски анимиран лик од филмот „Како Гринч го украде Божиќ“), а потоа доаѓаат меѓу децата, ги плашат и им ги крадат подароците под елката.

И овие родители решиле да го направат истото, но наместо позитивните реакции кои најверојатно ги очекувале, луѓето се шокирани и со право ги обвинуваат дека со оваа постапка непотребно ги трауматизирале своите деца.






Повеќе за ова и видеото можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини