КУРКУМА – ЕДНА ОД НАМИРНИЦИТЕ ШТО ВРЕДИ ДА ГИ ПРИФАТИМЕ Како правилно се употребува во исхраната
Да, знаеме дека куркумата не е дел од нашата традиција, ама е толку здрава што е вистинска штета да не ја прифатиме само зашто е „странец“. Откријте како и во што е најдобро да ja користите во кујната, без разлика дали станува збор за куркума во прав или за свеж корен.
Традиционално, куркумата се користи во индиската кујна и во кујните од Југоисточна Азија и е составен дел од мешавините на зачини, како што се кари и гарам масала. Многу е популарна и во Иран и Мароко. Во иранската кујна се користи како дел од триото зачини кое се состои од цимет, кардамон и куркума, мешавина која се нарекува адвиех.
Но, освен во Индија и на Блискиот исток, куркумата добива сè поголема популарност низ целиот свет, што не е изненадувачки затоа што е еден од најздравите зачини во светот!
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.