КУПЕТЕ ИМ НА ДЕЦАТА ЕДНА ЕКОЛОШКА, НАМЕСТО 10 ОТРОВНИ ИГРАЧКИ Пластичните играчки се поштетни и од пластичната амбалажа

Според веб-страницата Ecobirdy, кујната – играчка содржи 5,6 кг пластика, што е еквивалентно на 400 празни пластични шишиња. Освен тоа, пластиката од која се изработуваат многу од овие играчки содржи состојки кои се штетни за и здравјето на децата, а не само за планетата. Бирајте играчки кои се изработени од еколошки материјали, како овие на Марина Луетиќ, Македонка која живее во Загреб

226

Кога велиме пластика, малкумина помислуваат на играчки. Честопати несвесни за тоа колку пластика е потребна за да се направи само една играчка, родителите ја купуваат одново и одново иако нивниот рок на траење е краток. Многу луѓе се свесни за негативните ефекти што ги остава пластиката, но само малкумина се прашуваат каква пластика се користи за изработка на детските играчки.

Пластиката често има непријатен мирис и лошо влијае на здравјето, а покрај овие карактеристики, под знак прашалник е и квалитетот, а често се случува овие играчки брзо да се расипуваат, што значи дека сте во двојна загуба – сте платиле играчка која е неупотреблива.






Во извештајот на Системот за брза размена на информации за небезбедни производи во земјите на ЕУ (RAPEX) за 2017 година, играчките се на прво место по бројот на небезбедни производи.

Добар дел од пластичните играчки кои се наоѓаат на пазарот се направени од пластика со сомнително потекло, односно пластика која не спаѓа во оние одобрени за детска употреба.
Некои видови пластика кои се наоѓаат во играчките содржат различни адитиви за кои е откриено дека се токсични. Токму поради оваа причина треба внимателно да се избере, особено кога станува збор за масовно произведени евтини играчки.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини