КУМАШИНОТ НА ПУТИН И МИСТЕРИОЗНИОТ „КОЗАК“ ОСТАНАА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО Кои се четворицата опозиционери што ги санкционираше Зеленски?
А, кои се другите двајца пратеници кои останаа без пасоши во Украина? Ренато Равелиович Кузмин, пратеник од партијата на Медведчук и Андрија Леонидович Деркач, кој во декември беше обвинет од САД за перење пари и подлегна на санкции заедно со пратеникот Кузмин.
Четворица проруски пратеници од опозицијата во Украина останаа без своите државјанства, а меѓу нив е кумашинот на Владимир Путин, но и мистериозниот „Козак“ за кој се шпекулираше дека преговарал со Русите за поделба на Украина во стилот на Кореја. И Козак и Медведчук беа дел од опозициското движење „За живот“, а Медведчук требаше да биде екстрадиран во Русија за што преговараа руските власти. Тој се имаше инфилтрирано во украинската војска како руски шпион.
Но, Украинецот Тарас Козак можеби и не е истиот Козак кој наводно преговарал со Русите. „Козак“-от за кого за кого минатата недела украинските власти од Советот за национална безбедност рекоа дека „стапил во акција“ и одржувал состаноци со европски претставници „за да нè принудат да потпишеме“ ме Дмитриј Козак, руски политичар кој од 2020 година е шеф на персоналот на Кремљ. Рускиот „Козак“ беше обвинет дека преговарал за вакво нешто на почетокот на војната поради неговата блискост со Путин, иако тој самиот израснал во Украина.

Официјален Кремљ ја демантираше веста дека извесен „Козак“ се договорал со Европејците и со Русија за што Плусинфо веќе пишуваше. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека украинските власти веројатно мислеле на украински пратеник со истото презиме, на кој денес му е одземено државјанството, а не на рускиот „Козак’.
А, кои се другите двајца пратеници кои останаа без пасоши во Украина? Ренато Равелиович Кузмин, пратеник од партијата на Медведчук и Андрија Леонидович Деркач, кој во декември беше обвинет од САД за перење пари и подлегна на санкции заедно со пратеникот Кузмин.
– Решив да им го укинам државјанството на четири лица – Андрија Леонидович Деркач, Тарас Романович Козак, Ренато Равелиович Кузмин и Виктор Володимирович Медведчук. Ако претставниците на народот изберат да не им служат на Украинците, туку на убијците кои дојдоа во Украина, нашите акции ќе бидат соодветни – рече Зеленски во последното видеообраќање.