КУМАНОВЕЦОТ ФИЛИП МИТЕВСКИ ГИ УЧИ ГЕРМАНЦИТЕ НА ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ Тој е шеф на кујна во преубав хотел-ресторан среде шума

Животот на еден шеф на кујна е тежок, зема многу од вашата енергија и трпение, но од друга страна е и посветеност, љубов и страст кон работата што ја сакате. А кога сте вљубени во тој свет и ја имате големата поддршка од семејтвото, како што ја имам јас од мојата сопруга и од мојата ќеркичка, тогаш ништо не е тешко, вели нашиот Филип Митевски од својата нова позиција, шеф на кујна во еден прекрасен хотел-ресторан сместен во шумите на Оденвалд.

473

Нашиот готвач и дизајнер на храна, Филип Митевски живее во регионот Оденвалд, во Германија, поточно, во гратчето Ербах сместено во длабоките шуми на Оденвалд.

Таму, на својата нова работна позиција која е чекор напред во неговата кулинарска кариера е од мај годинава. Станува збор за позицијата шеф на кујна во хотел со капацитет од 44 соби и А ла карт (A la carte) ресторан со 60 седишта внатре и летна тераса со 40 седишта и три локации за настани.






„Станува збор за ресторан со модерна кујна и фајн дајнинг каде што сѐ мора да биде перфектно додека сум јас таму. Мојот принцип на работа е многу захтевен, па можеби затоа велат и дека е тешко да се работи со мене“, се смее Филип кој и инаку е познат по својот уметнички начин на изразување во кулинарството, а неговите порции се вистински одраз на неговиот перфекционизам кој го бара и од своите колеги.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини