КСЕНИЈА ВУЧИЌ ПОЧИНАЛА НА РАЦЕТЕ НА СИНОТ ДАНИЛО Сурова судбина на поранешната сопруга на претседателот Вучиќ
Телевизискиот водител Великиќ сведочи дека Ксенија уште во понеделникот, пред гостувањето кај него во студио, се пожалила дека не ѝ е добро.
Новинарката Ксенија Вучиќ, поранешна сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, починала на рацете на својот син Данило, откриваат српските медиуми.
Ксенија со Александар Вучиќ има две деца, Данило и Милица.
Уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ, во телевизиско гостување раскажува:
– Ксенија ја знаевме децении. Прекрасен човек, добар другар, пожртвувана мајка. Судбината е сурова. Почина во својот стан. Данило бил со неа, му починала на раце и тоа е страшно. Штом слушнал за тоа, претседателот отишол во нејзиниот дом. За 6-7 минути пристигнала Итната помош, се обиделе да ја реанимираат еден час, но немало помош.
Вучиќевиќ вели дека се уште не се знае причината за смртта на Ксенија, но се претпоставува дека станува збор за тромб.
И телевизискиот водител Немања Великиќ зборува за Ксенија Вучиќ, која во понеделникот му гостувала во студио.
– Разговаравме неколку часа пред снимањето, таа ми се пожали дека не се чувствува добро. Ѝ реков да не доаѓа во тој случај, дека ќе се снајдеме, но, знаете, Ксенија беше вистинска колешка и суров професионалец. Таа ми рече „не грижи се, јас веќе се подготвувам, знам како е кога гостинот ќе откаже“. И таа дојде! – Не ми се верува дека тоа беше нашата последна средба. Ксенија не ми беше само колешка, таа ми беше пријателка. Многу ми е тешко – изјави Великиќ.