„КРВАВ ОРЕЛ“ – НАЈБОЛНА КАЗНА ЗА НЕПРИЈАТЕЛОТ Дали Викинзите навистина го практикувале овој ритуал?
„Користејќи го современото знаење за анатомијата и физиологијата на човекот, истраживме и можеме да одговориме на прашањето дали ’крвавиот орел‘ би можел да се изведе врз човечко тело. Утврдивме дека самата процедура била многу тешка, но никако не била невозможна“, наведено е во студијата.
Познати како сурови воини, Викинзите долго време се поврзуваат со претерано насилство. Еден од ритуалите поради кој тие го носат епитетот „сурови“, сочуван е во приказните и во легендите под името „крвав орел“.
„Крвавиот орел“ бил начин за погубување на непријателот. Овој ритуал подразбирал сечење на грбот на жртвата, кршење на ребрата и вадење на белите дробови врз рамениците на човекот, кој бил врзан за рацете и бил изложен на ветер. Се претпоставува дека жртвата во тие моменти потсетувала на човек со орелски крилја, па затоа и самиот ритуал бил наречен – крвав орел.
Со децении наназад, истражувачите сметалде дека „крвавиот орел“ претсавува преувеличена легенда. Археолошки докази за овој ритуал не се пронајдени, а и самите Викинзи не воделе никакви белешки. За нивните достигнувања дознаваме единствено од стиховите и од сагите, кои се пишувале неколку векови подоцна.
Покрај тоа, на основа на познавање на човековата анатомија, научниците во минатото сметале дека овој крвав ритуал е невозможно да се изведе.
Меѓутоа, новите истражувања на научниците од Универзитетот Кил во Њукасл, го докажуваат спротивното. Тимот составен од лекари и од историчари е убеден дека Викинзите навистина го изведувале овој страшен чин.
„Користејќи го современото знаење за анатомијата и физиологијата на човекот, истраживме и можеме да одговориме на прашањето дали ’крвавиот орел‘ би можел да се изведе врз човечко тело. Утврдивме дека самата процедура била многу тешка, но никако не била невозможна“, наведено е во студијата.
Научниците забележуваат дека одреден вид викиншко копје би можело да се користи како импровизирана алатка за брзо сечење на кожата. Таквата алатка е прикажана на камениот споменик пронајден на шведскиот остров Готланд. Авторите на студијата сугерирааат и дека токму на тој споменик можеби е претставен ритуалот „крвав орел“.
Меѓутоа, самиот почеток на егзекуцијата подразбирал брза смрт. Целата процедура на сечење, претпоставуваат научниците, морала да биде изведена врз мртов човек. Овој ритуал не се спроведувал често, но не бил потполно исклучен.
– Врз основа на археолошките и историските докази, ние тврдиме дека ритуалот навистина се користел во времето на Викинзите – велат авторите на студијата.