КРЕМЉ Е ПОЛН СО ГОМНА Италијански новинар одби да направи интервју со Захарова и со Соловјов

Таа палата зад вас, рече Салусти, мислејќи на Кремљ, ги организираше најлошите злосторства против човештвото во дваесеттиот и дваесет и првиот век. Таа палата е полна со гомна! Требаше да имаш храброст да им кажеш на домаќините дека палатата зад тебе е место полно со гомна! Затоа што од таму комунистите ги оркестрираа најлошите трагедии во последните два века, му рече Салусти на својот колега-новинар и одби во живо да ги интервјуира Захарова и Соловјов.

1,752

Италијанскиот новинар Алесандро Салусти одби да учествува во емисија во која неговиот колега ѝ се придружи на Москва со гости. Наместо тоа, Салусти рече дека Кремљ е „палата полна со гомна“ во која „се организираа најлошите злосторства“, пишува Мондо. Тој го прозва својот колега Масимо Гилети за тоа што во живо разговарал со Марија Захарова, портпаролката на руското МНР и со познатиот руски тв-водител Владимир Соловјов.

– Мислев дека ќе разговарате со високи функционери и ќе не направите горди на нашата медиумска слобода – рече Салусти на почетокот на емисијата, додека неговите соговорници од Москва немо слушаа.






– Наместо тоа, јас сум сведок на целосна сервилност кон најлошиот вид на пропаганда.

 


– Таа палата зад вас – рече Салусти, мислејќи на Кремљ  – ги организираше најлошите злосторства против човештвото во дваесеттиот и дваесет и првиот век. Таа палата е полна со гомна! Требаше да имаш храброст да им кажеш на домаќините дека палатата зад тебе е место полно со гомна! Затоа што од таму комунистите ги оркестрираа најлошите трагедии во последните два века. Ме вознемирува кога ќе видам новинар кој го почитувам, а кого некој/а идиот/ка ( како Захарова) го нарекува „дете“ и „неспособен“, а всушност, таа не знае што зборува.

Салусти потоа го напушти шоуто, со зборовите:

– Не сакам да бидам лист смоква за овие двајца идиоти до тебе – рече Салусти, мислејќи на Захарова и Соловјов.

– Затоа одлучувам да заминам. Го одбивам мојот надомест и ставам крај на моето учество во оваа фарса.

Поврзани содржини