КРАЖБИ СО АМИН НА ЦРКВАТА Како црквата дозволила да се погази божјата заповед “не кради“

Во историјата е забележана една, за црквата, сосема неверојатна појава - „света кражба“, на латински „furta sacra“. Станува збор за „оправдани“ случаи на кражби, т.е. пренесување на моштите на светците од јурисдикција на една црква во јурисдикција на друга.

151

Црквите денес генерално се залагаат за хармонија и меѓусебна соработка, но во минатото тоа не беше случај.

При освојувањето на територијата, постоел посебен страв од сквернавење на моштите на светците од страна на „неверниците“.






Уште пред расколот на христијанските цркви, а особено потоа, некои црковни великодостојници се залагаат за пренесување на најголемите христијански мошти од Исток, каде што беа почести нападите на војските од другите религии, на Запад каде што можеле да се чува „со должна почит“. Ако случајно тоа ѝ донесе соодветна финансиска корист и углед на црквата, тоа би било само показател дека божјата волја е правилно исполнета.

Така, во историјата е забележана една, за црквата, сосема неверојатна појава – „света кражба“, на латински „furta sacra“. Станува збор за „оправдани“ случаи на кражби, т.е. пренесување на моштите на светците од јурисдикција на една црква во јурисдикција на друга.

Приказната оди вака – на верник ќе му се појави светец на сон и ќе му каже дека не е задоволен од местото каде што е неговото земно тело и дека сака да биде префрлен на друго место.

Како и обично, црквата која ги поседувала моштите не се откажувала доброволно од нив, па се прибегнувало кон ангажирање на трговци кои потоа, со ветување за божја милост и уште повеќе, богати награди, тајно ги префрлале моштите во друга црква.

Еден од најпознатите случаи на „света кражба“ секако е пренесувањето на моштите на свети Марко од Александрија во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Свети Марко на сон им се јавил на трговците од тој град и им рекол дека сака неговото смртно тело да биде во нивниот град. После тоа, тие заминале во Александрија и ги украле моштите од тамошната црква.

Бидејќи Александрија во тоа време била под муслиманска власт, легендата вели дека трговците ги криеле моштите на светецот под свинското месо што го пренесувале. Откако дошла контролата, муслиманските цариници не сакале да го допрат овој товар, па Свети Марко завршил во Венеција.

Слична судбина имаа и земните останки на Свети Никола, кои за време на турските освојувања, најверојатно, биле украдени од италијански пирати од Мира во Мала Азија и пренесени во Бари во Италија, каде што се наоѓаат и денес. На 22 мај, христијанството го слави споменот на Преносот на моштите на Свети Никола.

Поврзани содржини