„КРАЛИЦАТА НА ОТПАДОТ“ ЈА ЗАГАДИЛА ПОЛА ШВЕДСКА Поранешна стриптизерка предизвика еколошки скандал

Компанијата за управување со отпад „Тинк Пинк“ на чие чело стои „кралицата на отпадот“ Бела Нилсен, обвинета е дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини низ Шведска, што довело до пожари, протекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.

726

Шведска ја тресе голем еколошки скандал што го предизвика поранешната стриптизерка и порно ѕвезда Бела Нилсон, сега успешна претприемачка, сопственичка на компанијата за управување со отпад „Тинк Пинк“ која себеси се нарече „кралица на отпадот“ и нејзиниот поранешен сопруг Томас Нилсон.
Единаесет лица поврзани со компанијата за управување со отпад „Тинк Пинк“ се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години. Според шведските медиуми тие  се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска.

Компанија за управување со отпад е обвинета дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини низ Шведска, што довело до пожари, протекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.






Истрагата откри штетно ниво на арсен, диоксин, олово, цинк, бакар и нафтени деривати, а пред три години делови од Стокхолм беа обвиени со чад предизвикан од пожар на напуштена депонија управувана од компанијата.

Централен лик во скандалот е токму Бела Нилсон – која претходно беше крунисана за „кралица на отпадот“ и оттогаш го промени своето име во Фариба Ванкор.

Како што пишува шведскиот портал Афтонбладет, таа по потекло е од Иран, а претходно стриптизерката бил сопственичка на еротски клуб. Бела Нилсон во текот на кариерата како стриптизерка поминала три и пол години во затвор поради проневера во еден од клубовите што ги поседувала.

Нејзиното првично име било Изабела Катиби Габаг, а била поврзана и со шведските гангстери Мило Марковиќ и Карл Серунга.
Во книгата „Јас, стриптизерка“, која ја објави во 1998 година, таа откри како дошла во Шведска како 16-годишна девојка од Иран во средината на 80-тите и станала порно ѕвезда. Таа ја објавила книгата под четвртото име  како Изабела Јохансон.

Таа и нејзиниот поранешен сопруг сега се обвинети за ракување со значително поголеми количини ѓубре од дозволеното и незаконско управување, предизвикување неколку пожари и изложување на жителите на токсичен отпад.

Поврзани содржини