КРАЈНИОТ ПЛАН НА ПУТИН Киев сам да падне, руски поредок и…да се сменат учебниците?!

Ова би значело криминализирање на поддршката за националните херои, преименување на улици, препишување историски книги и гарантирање доминантна позиција во образованието и културата на населението што зборува руски. Целта, накратко, би била да ѝ се одземе на Украина правото да изгради сопствена нација. Ќе се смени владата, ќе се исчистат елитите, а соработката со Западот ќе биде откажана, пишува познатата аналитичарка за „Њујорк Тајмс“.

4,378

Донбас е првата цел, Киев е втората, а нов светски поредок во кој Западот ги прифаќа сите барања на Русија е третата цел на рускиот лидер Владимир Путин во војната во Украина, пишува руската аналитичарка Татјана Становаја за „Њујорк Тајмс“. Според неа, Путин, охрабрен од успехот во Донбас, ќе чека макар и со години за владата во Киев сама да падне од незадоволство и истоштеност, а потоа да постави руска марионетска елита да ја води новата сателит-држава.

Меѓу размислувањата на Кремљ, пишува таа, се и да ги смени сите учебници, книги и имиња на улици во Украина за да се спречи земјата да создаде сопствена нација. Ако ова, сепак, не се случи, Путин ќе мора да се соочи со реалноста, а тогаш ќе биде најгневен и најопасен, смета таа. Но, засега тој е убеден дека сѐ оди по планот.






„Многу е јасно дека Кремљ на крајот на мај дојде до цврст заклучок дека победува во овој конфликт на долг рок. А Путин сега има јасен план“, пишува Татјана.

„Овој план, кој се состои од три главни димензии, е еден вид на стратешка руска марионета-бабушка. Секој аспект се вклопува во другиот, претставувајќи голема шема што ја надминува Украина, но се фокусира на неа. Ова звучи многу фантазерски, но секако ни открива како Путин, во најмала рака, се оттргнува од реалноста“.

Украина е само првата цел

„Најмалата, најпрагматична и остварлива цел се однесува на територијалните амбиции на Русија во Украина. Бидејќи првите неколку дена од војната не успеаја да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, Русија веднаш ги намали своите амбиции, откажувајќи се од идејата да го заземе Киев”, пишува Татјана.

Според неа, се чини дека сегашната, пореална цел е контрола врз регионите Доњецк и Луганск. Таа додава дека Кремљ верува дека наскоро ќе го постигне тоа, очигледно поради руското заземање на регионот Луганск, кое добива на сила. Луганск ќе биде копнен коридор што ќе обезбеди пристап до Крим, кој е веќе руски.

„Се чини дека Путин верува дека времето е на негова страна во постигнувањето на оваа цел, која носи минимална геополитичка тежина за Кремљ. Западната воена поддршка ги дефинира своите граници, а Вашингтон сигнализираше дека не е подготвен да го ризикува гневот на Путин со преминување на црвено. Неговите претходни закани за употреба на нуклеарно оружје се чини дека имаа ефект. Западот нема да интервенира или да ѝ помогне на Украина до степен што може да доведе до руски воен пораз“, додава таа.

фото: твитер/принтскрин

Киев да биде принуден на „русификација“

„Се чини дека следната цел е да се принуди Киев да капитулира. Овде не се работи за окупираните територии, туку за иднината на преостанатата територија на Украина – нешто од многу поголема геополитичка важност. Капитулацијата на Киев би значела прифаќање на руските барања кои би можеле да бидат резимирани како „деукраинизација“ и „русификација“ на земјата“, пишува Татјана Становаја.

Менување на учебници, книги и таблички

„Ова би значело криминализирање на поддршката за националните херои, преименување на улици, препишување историски книги и гарантирање доминантна позиција во образованието и културата на населението што зборува руски“.

„Целта, накратко, би била да ѝ се одземе на Украина правото да изгради сопствена нација. Ќе се смени владата, ќе се исчистат елитите, а соработката со Западот ќе биде откажана“, посочи таа.

За две години Украина ќе биде исцрпена

Татјана наведува дека втората цел звучи фантастично.

„Тоа е исто така неизбежно за Путин, иако може да биде потребно подолго време за да го постигне. За една или две години, кога Украина, според очекувањата на Кремљ, ќе биде исцрпена од војната, неспособна да функционира нормално и длабоко деморализирана, условите за капитулација ќе се појават“.

Таа додава дека се чини дека пресметката на Кремљ е дека елитата ќе се подели во таа фаза и дека промировната опозиција ќе се обедини за да го собори Зеленски, барајќи прекин на војната. Нема да има потреба Русија воено да го окупира Киев, тој сам ќе паднеше. Путин јасно верува дека ова не може да се спречи.

„Има многу дебати за тоа што е навистина поважно за Путин во неговата војна: запирање на проширувањето на НАТО до прагот на Русија или неговата империјална амбиција да ја зголеми руската територија и да припои барем дел од Украина. Но, двете прашања се испреплетени. Тоа е она што е важно за Путин“, рече таа.

„Како што Украина се лизна кон НАТО и конфликтот во Донбас заглави, Путин стана сѐ повеќе опседнат со земјата. Земјата за која Путин верува дека историски ѝ припаѓа на Русија, ја презема најголемиот непријател на Русија. Како одговор, украинската територија стана мета покрај … но не наместо, како што многумина мислат – конфликтот со НАТО“, изјави таа, мислејќи на прокси-војната која Западот ја води со Русија.

фото: твитер/принтскрин

Градење нов светски поредок

„Ова нè доведува до третата стратешка цел на Путин во војната против Украина, геополитички најважна од сите – изградбата на нов светски поредок“, пишува Становаја за „Њујорк тајмс“.

Таа наведува дека сме навикнати да мислиме дека Путин го гледа Западот како непријателска сила која има за цел да ја уништи Русија.

„Но, за Путин постојат два Запада – лошиот и добриот. „Лошиот Запад“ ги претставува традиционалните политички елити кои моментално владеат со западните земји. Се чини дека Путин ги гледа како тесногради робови на својот електорат кои ги игнорираат вистинските национални интереси и се неспособни за стратегиско размислување.“

„Добриот Запад“ се состои од обични Европејци и Американци кои, според аналитичарот, сакаат да имаат нормални односи со Русија и компании кои сакаат да профитираат од блиската соработка со руските партнери“, се додава во написот.

Путин ќе биде најопасен кога ќе се соочи со реалноста

 „Се чини дека Путин се обложува на тоа дека големите политички промени во западните земји на крајот ќе доведат до трансформиран и пријателски Запад. Русија тогаш ќе може да се врати на сите безбедносни барања што ги постави во декемврискиот ултиматум до САД и НАТО“.

Според Тајтана има и добри вести.

„Самиот факт дека овој план (на Путин) му изгледа реален треба да спречи каква било нуклеарна ескалација на краток рок. Но, лошата вест е дека порано или подоцна Путин ќе се соочи со реалноста“, пишува таа и додава:

„Тој веројатно ќе биде најопаен токму во тој момент, кога ќе му се нарушат плановите и кога разочарувањето ќе стане големо“, заклучува Татјана.

Поврзани содржини