КОРОНАТА БУКВАЛНО НИ ГО СКРАТИЛА ЖИВОТОТ ЗА ДВЕ ГОДИНИ! Вака не било од 1941 година
Со други зборови 2,3 стотинки помалку трае нашиот живот по пандемијата и можеме комплетно да ја споредиме со ефектите од глобална војна. Но, не страдаме само ние, туку и нашето потомство. Во САД, во периодот од јуни 2020 до јули 2021 прирастот на новороденчиња била само 0,1 отсто или илјадити дел од целото. Колкав е наталитетот кај нас, ако знаеме дека Македонија се приближува до негативниот прираст кој го имаа европските земји уште пред пандемијата?
За скоро цели две, односно 1,8 години бил скратен просечниот животен век на луѓето во САД, од 79 на 77 години, вели американскиот ЦДЦ, а се претпоставува дека ова важи за целата планета Земја иако дополнителни мерења треба да се направат. Центарот за контрола и превенција на болести објави студија во која се вели дека вака не било од 1941 година кога почнала Втората светска војна, пренесува Франција24.
U.S. population grew by just 0.1% in the year ended July 1, 2021, “the lowest rate since the nation’s founding,” per Census Bureau population estimates released today.https://t.co/mkZ6NCL7V8 pic.twitter.com/ka45lazUcr
— Greg Giroux (@greggiroux) December 21, 2021
Со други зборови 2,3 стотинки помалку трае нашиот живот по пандемијата и можеме комплетно да ја споредиме со ефектите од глобална војна. Но, не страдаме само ние, туку и нашето потомство. Во САД, во периодот од јуни 2020 до јули 2021 прирастот на новороденчиња била само 0,1 отсто или илјадити дел од целото. Колкав е наталитетот кај нас, ако знаеме дека Македонија се приближува до негативниот прираст кој го имаа европските земји уште пред пандемијата?
Испитувањето на ЦДЦ од САД вклучувало и мажи и жени. Ако засебно се земат податоците за нивниот животен век, кај мажите тој просечно изнесувал 74,2 години, а кај жените 79,9 години. И кај мажите и кај жените ковид бил трета водечка причина за смрт, а секој десетти од 350.000 луѓе кои починале во Америка во истиот период од јуни 2020 до јули 2021 година бил од коронавирусот.
Некои други причини за смрт, исто така, се зголемиле, веројатно поврзани со тешкотиите за пристап до здравствена заштита предизвикани од пандемијата. За прв пат, смртните случаи од дијабетес во САД надминале 100.000, додека смртните случаи од случајни или ненамерни повреди исто така за првпат надминале 200.000.
Од сите држави членки на конфедерацијата САД, во Њујорк имало најголем пад на прирастот на населението од 1,6 отсто. Тоа се должи и на фактот што многу луѓе избегале надвор од САД в текот на пандемијата.