КОПРИВАТА ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД МАШКИТЕ АПЧИЊА ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА? Мажи, не пробувајте сами!
Истражувањата покажале дека мажите се многу отворени за идејата за орална контрацепција, а новата студија покажала дека копривата како дел од машка контрацептивна пилула би можела да ја намали плодноста.
Една нова студија на австралиски универзитет може да има големи импликации врз машките апчиња за контрацепција. Оваа студија од Универзитетот Монаш во Парквил, Австралија открила природна состојка која би можела да го попречи движењето на спермата.
Студијата, предводена од д-р Сабатино Вентура и објавена во списанието Plos One, го открила следново:
„Во студиите за парење на глувци, екстрактот од лист од коприва (50 мг дневно) ја намали плодноста кај мажите за 53 проценти во споредба со мажјаците третирани само со етил алкохол.“
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.