КОПРИВАТА Е НАЈДОБРО РАСТЕНИЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА Чудесна помош за многу здравствени проблеми
Секако, доколку страдате од сериозен проблем, 1 шолја чај дневно нема да ви помогне. Доколку имате посериозна болест, во текот на денот треба да пиете 1-2 литри чај од коприва.
Понекогаш, во потрагата по решение за нашите здравствени проблеми, забораваме дека природата веќе ни дала се што ни е потребно за здравје и дека природните и бесплатни лекови ни се на дофат. Иако сите сме слушнале малку за лековитите својства на копривата, не знам колкумина од нас се свесни колку всушност е лековита.
Копривата е едно од најкорисните лековити растенија. Кога луѓето ќе сфатат колку е лековито ова растение, ќе засадат само коприви. Сите делови на копривата – стеблото, листовите, коренот и цветот имаат лековити својства.
Во древните времиња копривата била многу ценета. На сликата на Албрехт Дирер (1471 – 1528) можеме да видиме ангел со коприва во рацете. Шведскиот научник Аби Кунзл тврди дека копривите одамна би исчезнале од лицето на земјата доколку немале боцки. Животните и инсектите одамна би ги изеле.
Користете ги младите врвови од коприва, особено во пролет. Ќе бидете изненадени од резултатот!
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.