КОНЕЧНО ГО НАЈДОА ТЕЛОТО Киднапираната Германка од фестивалот близу Газа била влечена со камион

Израелците не кажуваат каде е пронајдена, во Газа или Израел. Но, сега Ади, сестрата на Шани Лук, на Инстаграм ја потврди смртта на киднапираната девојка. Мајката за германски РТЛ изјави дека била информирана за смртта во неделата.

1,939

Пронајдено е телото на 23-годишната Шани Никол Лук, Германката која беше киднапирана од силите на Хамас на фестивалот Супернова во близина на границата со Појасот Газа. Веста ја потврди соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Нејзиното голо крваво тело терористите на Хамас го влечеле на задниот дел од камион парадирајќи со него.

На истиот фестивал Хамас уби над 200 гости. Тоа се случи за време на нападите на 7 октомври со кој започна војната во Израел. Шани беше киднапирана, а видеото од парадирањето со камионот подоцна се прошири на социјалните мрежи како еден од доказите за злосторствата што ги изврши Хамас.






Израелците не кажуваат каде е пронајдена, во Газа или Израел. Но, сега Ади, сестрата на Шани Лук, на Инстаграм ја потврди смртта на киднапираната девојка. Мајката за германски РТЛ изјави дека била информирана за смртта во неделата.

Како што пишува Јерусалим Пост, уште е нејасно дали Шани Лук навистина била жива во болница во Газа, како што претходно тврдеше нејзината мајка, а не е познато и каде е пронајдено нејзиното тело и дали е вратено во Израел.

Во соопштението на израелското МНР меѓу другото се вели:

„Шани, која беше киднапирана од музички фестивал од страна на терористите на Хамас и мачена и парадирано со неа низ Газа, доживеа незамисливи ужаси. Нашите мисли и молитви се со пријателите и семејството на Шани за време на овој незамислив кошмар. Нека нејзиниот спомен биде благослов“.

Поврзани содржини